World News in Macedonian

Прозападни милитанти соопштија дека биле нападнати од руските ВКС во Сирија

Милитантите тврдат дека нивните позиции биле нападнати од страна на шест авиони кога се движеле во насока на котролниот пункт Заза во близина на градот Сабаа Бијар недалеку од автопатот Дамаск-Багдад и на границата со Ирак и Јордан. Милитантите ги идентификувале авионите како дел од руските ВКС, затоа што летале во формација и на повисока височина од сириските авиони, соопштува „Ројтерс“.

МО на РФ објави видео од лансирање на ракети „Калибар“ од Средоземното море

Претставник на една од групите тврди дека авионите го одбиле нивниот напад врз истурените позиции на контролниот пункт Заза. Во авионскиот напад не бил убиен никој од милитантите.

Во моментов на југоистокот од Сирија бунтовниците, поддржани од Иран, и прозападните милитанти се обидуваат да ги заземат подрачјата кои беа под контрола на „Исламската држава“.

Минатата недела на интернет се појавија фотографии од хеликоптери на руските ВКС кои наводно го поддржувале нападот на сириската армија врз базата на проамериканските милитанти во Ат Танфа. Пред тоа врз позициите на провладините сириски одреди беше извршен воздушен напад од страна на САД, при што истиот беше нанесен во зоната на деескалација поради наводна опасност за американските специјални сили во Ат Танфа, пишува „Взгљад“.

Читайте на сайте