Формирани се тимови кои ќе го испитуваат квалитетот на земјоделското земјиште во поплавените подрачја
Од ваша страна беше предложено Владата да формира тимови од експерти од земјоделството и да се испита квалитетот на земјиштето. Сакам да ве информирам дека Владата го прифати тоа ваше барање, формирани се тимовите и ќе почнат да работат, за да кажат дали земјиштето е со нарушен квалитет, дали е во добра состојба и дали може да се продолжи со обработка на земјоделското земјиште со садење на култури.