World News

Полскиот претседател ја обвини ЕК за лицемерност

Претседателот на Полска Анджеј Дуда ја обвини Европската комисија дека донесла чисто политичка одлука да го активира против неговата земја казнениот член 7 од европската спогодба. Според Дуда, европските институции и некои европски медиуми лажеле дека во Полска по реформите на судството нема да имало вистинска правна држава. „Европските институции лажат кога тврдат дека реформите кај нас ја кршат демократијата. Ние ја јакнеме демократијата, бидејќи парламентот е најдемократска институција“ изјави Дуда за една приватна полска телевизија. Тој го обвини потпретседателот на ЕК Франс Тимерманс кој е задолжен за дијалог со Полска во проценката на правната држава што трае две години дека само сакал да диктира. 

Читайте на сайте