World News

Трамп се закани со укинување на помошта на земјите кои во ОН ќе гласаат против САД

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе им ја укине помошта на земјите ако гласаат за резолуцијата на Обединетите нации во која се осудува неговото признавање на Ерусалим како главен град на Израел. „Ќе ги забележиме тие гласови“, изјави тој во Белата куќа, осудувајќи ги сите земји кои, како што рече, земаат американски пари и потоа гласаат против САД во Советот за безбедност или Генералното собрание. „Нека гласаат против нас ќе заштедиме многу пари“, изјави тој. Се очекува Генералното собрание на ОН денеска да гласа за резолуција со која се отфрлува одлуката на Трампи оти таа ќе биде усвоена со мнозинство гласови. 

Читайте на сайте