World News

Матис во ненајавена посета на Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис пристигна во Кабул во ненајавена посета со цел да види дали постои можност од преговори меѓу талибанците и авганистанските власти за ставање на крај на конфликтот во земјата. Посетата која не е најавена поради безбедносни причини доаѓа во услови кога САД вложуваат нови ресурси во земјата.


Пред да слета во Кабул, Матис изјави дека САД добиле знаци на интерес од талибанците за започнување мировни разговори. Матис планира да се сретне со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и американскиот командант Џон Николсон.


 

Читайте на сайте