World News

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно ја задолжи државата

ВМРО ДПМНЕ денеска  излезе со соопштене во кое наведува дека власта денессе задолжила за 93 милиони евра  и  оти задолжувањето во Македонија станало  пракса, а не исклучок.


Според опозициската партија од почетокот на годината до денес, односно за два ипол месеци, власта ја задолжила државата за над 790 милиони евра, а  вкупниот нето долг во истиот период го зголемила  за над 540 милиони евра.


"И додека секојдневно се задолжуваме, економијата стагнира. Во 2017 година не е остварен економски раст, односно истиот е 0 проценти. Градежништвото бележи пад од 20 отсто, а пад бележиме и во други сектори. Бруто инвестициите бележат пад од 1 процент, што е показател за идните тенденции во економијата и јасно покажува дека лоши резултати не очекуваат и во иднина. Во вакви услови на стагнација власта наместо одговорно да се однесува со парите на граѓаните, истата секојдневно се задолжува“, стои во соопштението  од ВМРО-ДПМНЕ.


.

Читайте на сайте