World News

Ципрас ја претстави стратегијата за економски раст на Грција

Грчката владина стратегија за економски раст по излегувањето на земјата од последната економска програма во август се потпира на туризмот, енергијата и бродоградбата, објави ДПА.


Другите сектори на кои се потпира грчкиот премиер Алексис Ципрас за поддршка на растот на земјата се земјоделството, храната, транспортот, фармацијата, иновативните технологии и услужниот сектор.


Клучна компонента од стратегијата за обнова е привлекување назад на образованите Грци кои ја напуштиле земјата по појавата на кризата во 2010 година, која ја принуди Атина да прифати три спасувачки програми под строги услови.


Средствата за раст ќе бидат обезбедени од Грчката банка за развој, Европската инвестициска банка и Европската унија, рече Ципрас.

Читайте на сайте