World News

Трамп го потпиша указот за спречување на раздвојување на децата

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата на мигрантите кои незаконски влегуваат во Соединетите држави преку мексиканската граница. „Никогаш не сакав семејствата да бидат раздвоени“, изјави Трамп на церемонијата на потпишување на документот. Американската администрација беше критикувана во земјата и странство, бидејќи за неколку недели околу 2300 малолетни деца биле одвоени од родителите. Тоа е дел од мерките на таканаречената политика на нулта толеранција спрема мигрантите на границата со Мексико.

Читайте на сайте