World News

Најмалку 11 загинати во бомбашки напад во Авганистан

Најмалку 11 лица, од кои шест деца, загинаа денеска при експлозија на бомба поставена крај пат во источната авганистанска провинција Нангархар. Досега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставуваа дека тој е дело на талибанските бунтовници или џихадистичката група Исламска држава, кои се активни во Нангархар. Нападот се случува на вториот ден од парламентарните избори во Авганистан, откако вчера, на првиот ден од гласањето, при околку 200 напади и други инциденти загинаа најмалку 38 лица, а над сто беа повредени.

Читайте на сайте