World News

Турскиот суд осуди 74 лица на доживотен затвор за учество во обидот за пуч во 2016 година

На доживотен затвор денеска во Турција беа осудени 74 лица, меѓу кои и војници, поради нивната улога во обидот за преврат во јули 2016 година, објавија турските медиуми. Осудени се на строг доживотен затвор под обвинение за „обид за промена на уставниот ред“ и немаат право на амнестија.


По обидот за преврат турските власти спроведоа огромна чистка против наводни поддржувачи на Ѓулен, апсејќи околу 160.000 лица, меѓу кои универзитетски професори, воени и државни службеници. Од нив, според Министерството за внатрешни работи, 77.000 се официјално обвинети и ставени во притвор додека трае судскиот процес против нив.

Читайте на сайте