World News

Унгарскиот претседател го потпиша контроверзниот закон за труд

Унгарскиот претседател Јанош Адер го потпиша контроверзниот закон за реформа на трудот и покрај протестите на синдикатите и опозицијата. Адер во соопштението наведува дека овој закон не бил во спротивност со Уставот. Со овој закон се удвојува прекувремената работа на 400 часа, додека плаќањето за нив може да биде одложено до три години. Претседателот Адер кој е близок со премиерот Виктор Орбан оцени дека одредбите на законот се слични со оние што ги имаат другите земји членки на Европската унија. За вечер во Будимпешта се најавени нови протести против, како што го нарекуваат, „ропскиот закон“.

Читайте на сайте