Во израелскиот напад врз Појасот Газа загинаа 11 луѓе
Најмалку 11 луѓе, меѓу кои три деца, загинаа при израелски воздушен напад врз Појасот Газа, објави на 2 јануари цивилната одбрана на Газа, јавува новинската агенција Франс Прес. Меѓу убиените е и шефот на полицијата на палестинското движење Хамас, кое САД и Европската унија го сметаат за терористичка организација. „Единаесет лица загинаа, меѓу кои три деца и две жени, а 15 се ранети во бомбардирањето на шатори во кои се сместени раселените лица во областа Ал-Маваси, јужно од Појасот Газа“, се вели во соопштението. Читать дальше...