Жителите на село Љубојно, на падините на планината Баба, веќе три месеци стојат на блокади решени да го одбранат селото, од како што велат, масовната сеча.
Откако шумата над селото е оголена, тие велат дека дождот за само половина час ги поплавува дворовите и улиците во Љубојно. Причината според нив е очигледна:
„Не треба да си генијалец за да сфатиш колку се важни дрвјата. Народот стои на блокади против ова масовно уништување“, раскажуваат активистите од „Зелена Народна Стража“ кои со денови го блокираат патот што води кон планината. Читать дальше...