World News

Полицискиот час не го почитувале 28 лица

Министерството за внатрешни работи информира дека забраната за движење во периодот од 22 часот синоќа до 05 часот изутрината не ја почитувале 28 лица. Од министерството додадваат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.


Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.



Утре завршува полицискиот час, Филипче не ја исклучи можноста за нови мерки


Утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час. Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март.

Читайте на сайте