Девојче-херој од Башкирија спаси од пожар шест деца
Според информациите на МВС, пожарот настанал во понеделникот попладне. Кога пристигнале пожарникарите на местото на настанот покривот чадел. Како резултат на пожарот бил оштетен покривот на куќата и уништен дрвениот трем, се соопштува на сајтот на МВС.
Обични херои: ученичка ги спаси од огнот своите браќа и сестри
При пожарот настрадала 32-годишна жена која била хоспитализирана со изгореници.
„Најстарото од децата, 11-годишно девојче, од куќата евакуираше во безбедна зона три родени браќа и сестри и три први братучеди и братучетки“, соопштува МВС, пренесува „Взгљад“.
15 минути по добивањето на известувањето, пожарот бил ликвидиран.