World News in Macedonian
Август
2017

Новости за 29.08.2017

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Маж се прошета со тигар по улиците во Самара

Во Самара очевидци снимија маж кој шета тигар на обичен ремен.

Записот е направен од автомобил во движење на една од градските крстосници. Во вторникот, 29 август, видеото беше објавено на „Јутјуб“.

На снимката се гледа дека животното е без каква било заштитна маска или некакви дополнителни средства за заштита, пренесува „Лента.ру“.

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Девојче-херој од Башкирија спаси од пожар шест деца

Според информациите на МВС, пожарот настанал во понеделникот попладне. Кога пристигнале пожарникарите на местото на настанот покривот чадел. Како резултат на пожарот бил оштетен покривот на куќата и уништен дрвениот трем, се соопштува на сајтот на МВС.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Зошто Русинките се мажат за странци?

Аљона, мажена за Турчин

Се омажив за него зашто навистина имаше сериозни намери и постојано тоа го докажуваше со своите постапки. Руските мажи што ги имам сретнато многу зборуваат, но ретко кога направиле нешто. Маж ми беше активен. Едноставно ме восхитуваше. Бев запрепастена, не знаев што ми се случува. Тој е мошне забавен, а за мене ми е мошне важно некој да знае да ме насмее кога воопшто не ми е до смеење.

Наталија, мажена за Австралиец

Не го избрав Енди зашто е Австралиец. Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Пред 68 години: Тестирана е првата атомска бомба во СССР

На 29 август 1949 г. првата советска атомска бомба беше успешно тестирана на полигонот Семипалатинск (на територијата на денешен Казахстан) – кој е со дијаметар од 20 километри. Моделот на атомската бомба беше РДС-1 (скратено за „специјален реактивен мотор“).

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Во Москва отворено најголемото училиште во Русија

Во московскиот реон Некрасовка е завршена изградбата на најголемото училиште во Русија кое може да прими 2000 ученици. Новото училиште го отвори градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, пренесува ИА РЕГНУМ.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Модната колекција „Армија на Русија” ќе може да се набави преку интернет

„Военторг” планира на странските пазари да ја понуди облеката од колекцијата „Армија на Русија“, соопшти заменик-генералниот директор на компанијата Аркадиј Телепнев.

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Приливот на туристи од Русија во Турција порасна за 11 пати

Според првичните процени, оваа година почина во Турција одмарале 2,1 милион Руси, што е 11 пати повеќе отколку пред една година, соопштува Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР).

Читать дальше...

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Бројот на автомобили во Русија ја надмина бројката од 50 милиони

Околу 84% од вкупниот број на возила отпаѓа на патничките возила. Вкупно на руските патишта има 41,9 милиони автомобили. Околу 8% од вкупниот обем на паркот е лесната комерцијална техника, односно четири милиони автомобили.

Околу 1% од рускиот возен парк се автобусите. Во Русија нивниот број изнесува 400000, пренесува 360ТВ.

Читать дальше...