World News in Macedonian

Крајно левичарска група одговорна за експлозијата во судот во Атина

Малата крајно десничарска организација Група на народни борци ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад врз Апелацискиот суд во Атина на 22 овој месец во кој беше причинета голема материјална штета, но немаше повредени. Групата народни борци соопшти дека го извела нападот врз Судот во знак на протест поради пристрасноста на судиите кои во неколку познати процеси пресудиле во полза на богатите и моќните. Оваа организација претходно ја презеде и одговорноста за стрелањето кон резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина пред четири години како и за експлозијата пред една банка во април годинава. И во тие инциденти немаше повредени. 

Читайте на сайте