World News in Macedonian

Уапсени 38 лица во Турција осомничени за врски со ИД

Турската полиција денеска уапси 38 лица во северозападната област Бурса под сомнение дека имаат врски со групата на Исламската држава (ИД). Меѓу уапсените се и Сиријци, а полицијата спроведен претреси во домови во различни квартови на Бурса. Во изминатите години многу странски борци минаа низ Турција за да се приклучат на групата на ИД во Сирија и Ирак.


ИД минатата година ја презеде одговорноста за нападот на новогодишната ноќ  кога загинаа 39 лица во ноќен клуб во Истанбул. Овој месец беше покренато обвинението за тој напад.

Читайте на сайте