World News in Macedonian

Најмалку 40 загинати во напад во Кабул

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 40 луѓе биле убиени и 30 ранети во експлозии на бомби во шиитски културен центар во Кабул. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Талибанците демантираа дека нивна милитантна група била инволвирана во денешното крвопролевање. Се прецизира дека најпрвин бомбаш самоубиец се разнесол во Центарот по што се слушнале и две експлозии во околината. 

Читайте на сайте