World News in Macedonian

Џафери во новата година очекува Собранието да работи во полн состав

Очекувањата се дека треба да се надминат сите превирања внатре во политичките партии и првите работни денови во новата година, од 9 јануари па натаму, Собранието да биде во полн состав со учество на опозицијата и сите политички партии, изјави денеска претседателот на Собранието Тала Џафери.


„Имајќи ги предвид и нивните претходни изјави дека ќе бидат присутни, особено за реформските закони, во контекст на очекувањата од Извештајот на Европската комисија и напредокот на Република Македонија.“ 


Џафери истакна дека политичката криза е завршена пред шест месеци и оти очекува 2018 година да биде со редовен тек на работа: „Тоа го посакувам и го очекувам од политичките партии.“ Тој истоа така рече на Македонија во 2018 година не и требаат нови избори.  

Читайте на сайте