World News in Macedonian

Најмалку десет убиени во напад врз коптска православна црква во Египет

Египетското Министерство за здравство соопшти дека најмалку десет луѓе се убиени во денешен напад врз коптска православна црква во близина на Каиро, вклучително и напаѓачот. Напаѓачот бил убиен од безбедносниот персонал, откако ранил петмина чувари пред да се обиде да влезе во црквата „Мармина“ во градот Хелван, јужно од Каиро. Египетската државна телевизија известува дека вториот напаѓач избегал од местото на нападот, но оти подоцна бил уапсен. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но групата на Исламската држава изминатата година неколку пати извршуваше напади врз коптски православни христијани. Коптските православни христијани се околу десет проценти од вкупното население на Египет од над 93 милиони жители.

Читайте на сайте