World News in Macedonian

ЕУ се надева дека правото на протест ќе биде гарантирано во Иран

Европската унија соопшти дека се надева оти правото на протест ќе биде гарантирано во Иран каде што веќе пет денови има насилни демонстрации против економските тешкотии и власта на претседателот Хасан Рохани. „Контактираме со иранските власти и се надевам дека правото на мирни демонстрации и на слободата на изразување ќе биде гарантирана“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на шефицата на европската диплоамтија Федерика Могерини. Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделикот изјави дека дошло време за промени во Иран. 

Читайте на сайте