World News in Macedonian

Јужна Кореја понуди разговори со Северна Кореја за учество на Олимписките игри

Јужна Кореја понуди одржување на разговори на високо ниво со Северна Кореја со цел отворање на патот за учество на Северот на Зимските олимписки игри Пјонгчанг. Јужнокорејскиот министер за унифицирање Чо Мјунг-Гион прдложи одржување на состанок денеска на делегации на двете земји во пограничното село Панмунџом во демилитаризираната зона. Ова ќе биде прв состанок на двете страни во повеќе од две години.


Тој додаде дека додека во фокусот ќе биде олимписката соработка, исто така е можно да има дискусија за подобрување на затегнатите врски меѓу двете земји. Понудата на Југот доаѓа еден ден откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја објави можноста да испрати делегација на Олимписките игри. Олимсписките игри почнуваат на 9 февруари и ќе траат до 25 февруари.

Читайте на сайте