World News in Macedonian

Приливот на мигранти ја зголеми стапката на насилен криминал во Германија

Приливот на главно млади машки мигранти доведе до пораст на насилниот криминал во Германија, покажува денеска објавената студија финансирана од германската влада. Студијата на криминологот Кристијан Пфајфер ги користи податоците од северната германска држава Долна Саксонија за да го проучи влијанието на доаѓањето на бегалците врз криминалот во 2015 и 2016 година. Во студијата, порастот на насилниот криминал од околу 10 отсто во тие две години им се припишува исклучиво на бегалците. Се наведува дека има поголема веројатност младите бегалци, кои се главно машки, да направат некакво злосторство ако се почувствуваат дека немаат надеж во својата иднина, а повеќето од нив доаѓаат од муслимански земји карактеристични по машката доминацијата.


Портпаролката на германското Министерство за семејство Верена Херб изјави дека студијата ја потврдува потребата за поголеми напори за интеграција во Германија.

Читайте на сайте