World News in Macedonian

Русија со критики до САД за седницата на Советот за безбедност на ОН за Иран

Во неколку ирански градови денеска продолжуваат провладините маршеви додека се разгорува дипломатскиот спор за итниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради антивладините протести во земјата неделава на кои имаше и жртви.


На неколку часа пред вонредниот состанок на Советот за безбедност, кој треба да се одржи денеска во Њујорк, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рибјаков ги критикуваше Соединетите Американски Држави за свикување на состанокот наведувајќи дека тој потег значел мешање во внатрешните работи на Иран.


Според извештаите во западните медиуми антивладините протести во Иран се намалуваат откако Техеран ги блокираше клучните социјални медиуми кои ги користеа демонстрантите за да ги прошируваат снимките од протестите. Според меѓународните мрежи кои се занимаваат со собирање информации за цензурата на интернет, владата ги блокирала Телеграм, Инстаграм и Фејсбук сандачето за пораки за време на протестите.




 

Читайте на сайте