World News in Macedonian

Мицкоски нема информации за преговорите за спорот за името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави немаат информации за тоа како се одвиваат преговорите за спорот за името со Грција, ниту за нивната содржина и суштина.


„Заклучно со овој момент можам да го потврдам истото тоа што го потврди и најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед, односно нејзиниот претседател Мицотакис, кој кажа дека и кај нив најголемата опозициска партија не е вклучена во разговорите за името“, рече тој.


Мицкоски по утринската литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје посочи и дека поради тоатие не би можеле да коментираат кое би било решението од премиерите во двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Читайте на сайте