World News in Macedonian

ЕУ ќе разговара со шефот на иранската дипломатија за протестите

Европската унија реши наскоро да го повика министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф во Брисел на состанок за неодамнешните протести во неговата земја, изјави синоќа шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел. „Ние веднаш кажавме дека ја поддржуваме слободата на демонстрирање и оти државата тоа мора да го толерира“, рече Габриел за германската телевизија, додавајќи дека за разлика од Соединетите држави, Германија и Франција предупредија дека не треба да има обиди за искористување на ситуацијата во Иран. 

Читайте на сайте