World News in Macedonian

Грчкиот суд привремено ја замрзна одлуката за азил за турскиот војник

 Апелацискиот  суд во Атина, го прифати барањето на грчката Влада и привремено ја замрзна одлуката за доделување азил за еден од осумтемина турски војници кои пребегаа во Грција.


За неговиот азаил повторно ќе се расправа  на 15 февруари


Како причини за ваквата одлука на судот  се наведуваат јавниот интерес и интересот на самиот војник.


Врховниот суд во Атина, на 26 јануари минатата година, одлучи осумтемина турски војници да не бидат екстрадирани во Турција, а сите поднесоа барање за азил.


Војниците побегнаа  во Грција еден ден по спречениот државен преврат на 16 јули. Тие негираат  дека се вмешани во превратот.


 

Читайте на сайте