World News in Macedonian

Пратеникот на БЕСА Каремани добивал закани по живот

Пратеникот на движењето БЕСА Неџбедин Каремани денеска изјави дека имал сериозни закани по неговиот живот и безбедноста на неговото семејство, наведувајќи дека со случајот бил запознаен и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој вели дека за лицата кои му се заканувале ја информирал полицијата и дека од него било барано да се повлече од функцијата пратеник.


Во однос на случувањата во движењето БЕСА, тој истакна дека идниот месец ќе се одржи конгрес и дека нема скопско и тетовски крило, туку дека движењето е едно.


Каремани беше назначен за привремен претседател на Движењето, откако на седница на Централниот совет во Скопје од функцијата беше сменет лидерот Биљал Касами.


 

Читайте на сайте