World News in Macedonian

Започнаа средбите на Османи во Атина

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја започна посетата во Атина со средба со алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, а веднаш потоа тој ќе има работен ручек со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Според најавите, на средбите Османи со Коѕијас и Катругалос ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Македонија и теми од заеднички интерес.


Османи изјави дека посетата е во насока на градење на довербата меѓу Скопје и Атина оти само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името.

Читайте на сайте