World News in Macedonian

Макрон побара повеќе кинески инвестиции

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Пекинг понуди дополнително отворање на француската економија за кинески инвестиции во замена за поголем пристап на растечкиот кинески пазар, предупредувајќи дека постоечката трговска нерамнотрежа може да доведе до протекционизам, пренесува Ројтерс. Макрон остварил средба со кинескиот претседател Си Џипинг и истакнал дека двете земји би можеле да се најдат во губитничка позиција доколку продолжувањето на кинеските ограничувања за работа со странски фирми би ја поттикнало Франција и Европа да ги зајакне бариерите за кинески инвестиции на стариот континент. Макрон, кој во Пекинг пристигна со делегација од 50 најголеми бизнисмени, се надева дека поголемото отворање кон Кина, ќе овозможи намалување на трговскиот дефицит помеѓу двете земји, кој во овој момент изнесува 30 милијарди долари на штета на француската економија. Меѓутоа и покрај доаѓањето на челниците на големите компании како што се Ербас, БНП Парибас и други, се уште нема најави за склучени договори. 

Читайте на сайте