World News in Macedonian

Грција го ограничи шеријатот за муслиманското малцинство

Грчкиот парламент синоќа го укина специфичниот режим на употреба на шеријатското право за решавање на семејни прашања на муслиманското малцинство во таа земја. Според премиерот Алексис Ципрас, станува збор за историска реформа. „Тоа ја проширува еднаквоста пред законот за сите Грци и ги почитува карактеристиките на малцинството во Тракија, на североистокот на Грција“, изјави Ципрас. Во овој дел живеат над 110 илјади луѓе со турско и ромско потекло, како и Бугари со исламска вероисповед. Семејните прашања веќе 100 години таму ги решаваат муфтиите, често пати на штета на еднаквоста на половите. 

Читайте на сайте