World News in Macedonian

Од утре нема бесплатен автобус како мерка против загадувањето

Од утре ќе престанат да важат мерките што се воведоа поради зголеменото загадување на воздухот, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање. 


Од Министерството соопштуваат дека податоците од мерењето на загадувањето на воздухот вчера покажале дека штетните честистички се под дефинираниот праг за алармирање, па затоа од утре, четврток, 11.01.2018 година, мерките престануваат да важат.


Мерките беа активирани на 8 јануари откако два дена последователно имаше големо загадување на воздухот во Скопје.


Една од мерките беше бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници.  


 


 

Читайте на сайте