World News in Macedonian

Петнаесетина луѓе на протест против законот за јазиците пред Собранието

Петнаесетина поддржувачи на Семакедонскиот национален совет – Македониум денеска излегоа на протест пред Собранието против изгласувањето на Законот за јазици, со кој и албанскиот јазик влегува во службена употреба.


Сметаат дека законот е штетен и го повикуваат македонскиот народ на протест. Најавија дека ќе го оспорат законот пред Уставниот суд.


По кратко време тие си заминаа од пред Собранието.


Собранието претходно го изгласа Законот за јазици без расправа. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа седницата.

Читайте на сайте