World News in Macedonian

Отстранет споменикот на Немцов поставен во близина на Кремљ

Московските власти уште еднаш го отстранија импровизираниот споменик поставен во близина на Кремљ, каде што рускиот опозициски политичар Борис Немцов беше застрелан во 2015 година. Споменикот е отстранет по еден ден откако градскиот совет на Вашингтон објави план за преименување на улицата пред руската амбасада во САД по Немцов.


Во мај, минатата година, активист кој беше нападнат додека го чуваше споменикот, почина од повредите во болница. Немцов кој важеше за гласен критичар на претседателот Владимир Путин, беше смртно застрелан на мостот Бољшој Москворетски на 27 февруари 2015 година.

Читайте на сайте