World News in Macedonian

Русија го отфрли извештајот на демократите за мешањето во изборите во САД

Русија го отфрли новиот извештај на демократите од американскиот Сенат за нејзиното наводно мешање во изборите во САД. Во извештајот, кој беше нарачан од Комитетот за надворешни односи на Сенатот, за прв пат законодавците толку детално ги прецизираат „наводите на руските напори за поткопување на демократијата на претседателските избори во 2016 година“.


Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков, изјави дека обвинувањата за наводна вмешаност изречени против Русија се апсолутно неосновани.


„Парноичните грижи за руското мешање не само што ги повредуваат билатералните односи, туку и самите САД", рече Песков.

Читайте на сайте