World News in Macedonian

Свеченост по повод почетокот на претседавањето на Бугарија во ЕУ

Во Софија синоќа беше одржана свечена церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија, на која присуствуваа и претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, како и сите еврокомесари, предводени од првиот човек на Европската Комисија Жан Клод Јункер.


Туск оцени дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото за серијалот „Игра на тронови“, иако, како што наведе, во регионот нема змејови. Сите би сакале кога минатото и иднината на Балканот би биле помалку драматично сценарио. Стабилноста, безбедноста, просперитетот, тоа е она што луѓето во целиот регион го заслужуваат. Цел на Европа е да помогне тоа сценарио да стане реалност, изјави Туск во Софија на церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија. Тој оцени дека е добра работа што иднината на Балканот е еден од приоритетите на претседавањето на Бугарија со ЕУ.


Туск ги изненади ситиа присутни во салата на Народниот театар со тоа што целиот говор му беше на бугарски јазик.

Читайте на сайте