World News in Macedonian

Слаб одѕив на протестот против загадувањето

Неколкумина луѓе се одѕваа на повиците на социјалните мрежи за масовен протест против загадувањето на воздухот. Пред зградата на Владата протестираа триесетина луѓе против загадувањето. Демонстранти носеа транспаренти „ Вие и вашите деца дишете друг воздух?! “ , „Сакам да дишам“, „Чист воздух – здрави деца“.


Воздухот во Скопје и во неколку други градови речиси секојдневно е загаден над дозволеното. Во главниот град беа активирани и мерки за ублажување на последиците од аерозагадувањето.


Наодите од Епидемиолошките студии кои беа направени во Македонија покажаа дека годишно се губат околу 1.300 животи од аерозагадувањето, а три групи на болести се поврзуваат со аерозагадувањето и тоа ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето.


 

Читайте на сайте