World News in Macedonian

Апелациониот суд одби седум жалби за притвор за настаните од 27 април

Апелациониот суд на денешна затворена седница ги одби како неосновани жалбите за притворот на седуммина осомничени за тероризам и уставно загрозување во врска со настаните во Собранието од 27 април минатата година. Според одлуката на Апелациониот суд Иван Цветановски, Абдуљафет Алими, Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Елена Доцевска остануваат во притвор, се вели во соопштението на судот. 


Минатиот петок на 12 јануари Апелациониот суд ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на уште единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април 2017 година. 

Читайте на сайте