World News in Macedonian

Руската црква бара враќање на употребата на јулијанскиот календар

Висок претставник на Руската православна црква ја повика Русија да се врати на својот традиционален јулијански календар кој бил користен до февруари 1918 година. Во телевизиско интервју Александар Шчипков рече дека преместувањето на грегоријанскиот календар, од страна на болшевиците пред еден век, било лоша идеја.


„Нивната цел беше да ја прекинат традицијата, психолошки да го разбијат рускиот народ и да ја парализираат нивната волја“, рече Шчипковкој е заменик претседател на одделот за односи со јавност на Руската православна црква додавајќи дека календарот не е само бројки на хартија, но дека е дел од светот на народот.


Во јуни пратениците од руската националистичка Либералдемократска партија безуспешно предложија враќање на употребата на јулијанскиот календар.

Читайте на сайте