World News in Macedonian

Владата изрази жалење за убиството на Ивановиќ

Владата на Република Македонија изразува длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, соопшти денеска владината прес-служба.


„Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално убиство“, наведуваат од Владата. 


Оттаму изразуваат и надеж дека политичките елити и граѓаните на Косово и Србија ќе продолжат со процесите на унапредување на меѓусебните односи. 


 

Читайте на сайте