World News in Macedonian

Напад врз седиштето на руска организација во Северен Кавказ

Руската проминентна организација за човекови права Меморијал соопшти дека нејзиното седиште во Ингушетија била запалено во терористички напад. Според организацијата, нападот бил со цел тие да прекинат со работа и да го напуштат Северен Кавказ.


Водечкиот член на организацијата Олег Орлов изјави дека безбедносните камери покажале оти двајца маскирани мажи пристигнале во седиштето на организацијата во Назран доцна вечерта и влегле во канцелариите преку прозорците. Амнести Интернешнел соопшти дека се работи за координиран напад врз организацијата.




 

Читайте на сайте