World News in Macedonian

Тилерсон сигнализира натамошно американско воено присуство во Сирија

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека военото присуство на САД во Сирија ќе остане и во догледна иднина со цел да се спречи натамошна активност на екстремистичката група Исламска држава. Во говорот на Универзитетот Стенфорд, Тилерсон додаде дека САД исто така ќе работат на обезбедување на мировниот процес за ставање крај на граѓанската војна во Сирија, отстранување на претседателот Башар ал Асад од власт и намалување на иранското влијание во таа земја. Во врска со Северна Кореја тој ја пофали Кина за нејзиниот притисок врз Пјонгјанг, додавајќи дека Вашингтон добива докази оти меѓународните санкции почнале да даваат резултати. 

Читайте на сайте