World News in Macedonian

Убиен Палестинец во израелска рација на Западниот Брег

Израелските сили во потрага по убијците на еден рабин извршија рација во дом на Западниот Брег, убивајќи Палестинец по кого се трагало, а во престрелката биле повредени двајца припадници на безбедносните израелски сили. Во денешната рација припадниците на војската и полиција беа во потрага по осомничениот кој во возење пукал и го убил рабинот во израелска населба во Западниот Брег.


Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд изјави дека мажот по кого се трагало бил убиен, а друг бил уапсен во рацијата во градот Џенин во Западниот Брег. Израелските медиуми убиениот осомничен го идентификуваа како Ахмед Џарар, велејќи дека тој бил член на исламската милитантна група Хамас. Роднините на Џарар велат дека израелските сили користеле булдожери за да срушат три домови кои му припаѓале на поширокото семејство и го оштетиле нивното четврто живеалиште.

Читайте на сайте