World News in Macedonian

Заев: Национален консензус за решение на прашањето за името

Премиерот Зоран Заев изрази оптимизам дека ќе се најде решение за прашањето за името со кое ќе се сочува достоинството на двете страни, а ќе биде придобивка за двете земји. Тој истакна дека за суштината на разговорите, предлозите и рамката што е испорачана не би требало да се зборува јавно за да не се уништат шансите во преговорите. 


„Гледате дека се води транспарентен процес, сакаме национален консензус да го изградиме решението и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат, убеден сум дека ако бидеме внимателни, па и да водиме сметка и за грчката страна ќе најдеме решение за ова прашање што не измачува 25 години“, рече тој.


 


 

Читайте на сайте