World News in Macedonian

„Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ ја зголеми оценката за Грција од „Б-“ на „Б“земајќи го предвид подобрувањето на економската состојба на земјата по неколкугодишната криза.


„Веруваме дека буџетските перспективи и изгледите за раст на Грција се подобрени, а во исто време има заживување на пазарот на трудот и период на релативна политичка стабилност“, соопшти агенцијата.


Новата проценка е со позитивна перспектива што значи дека е можно таа повторно да се зголеми.

Читайте на сайте