World News in Macedonian

Спорот за името меѓу приоритетите на бугарското претседавање со ЕУ

Спорот со името и европската перспектива на Западен Балкан се дел од високите приоритети на претседавањето на Бугарија со ЕУ, истакна бугарскиот амбасадор во грција Веселин Иванов кој во канцеларијата на делегацијата на Европскиот парламент во Атина ги презентираше приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ.


Тој вели дека прашањето за името е меѓу Скопје и Атина, а Бугарија не може да има улога на медијатор, но дека Бугарија сепак може да помогне во тој процес и исто така дека е оптимист оти Македонија и Грција ќе најдат решение на проблемот. 


Тој наведе дека потпишаниот договор меѓу Македонија и Бугарија може да биде пример за решавање на проблемот.


 

Читайте на сайте