World News in Macedonian

Владата во координација со Иванов за широка средба за името

Владата има координација преку Министерството за надворешни работи со кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов за остварување на средба на која ќе се дискутира за рамката на медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, велат од владината прес служба. Се уште не е закажан терминот за средбата, која ќе биде од широк формат, наведуваат од прес-службата.


Од канцеларијата за односи со јавност на генералниот секретар на ОН велат дека се уште не се познати деталите за планираните патувања на Нимиц, кој најави дека во наредниот период ќе ги посети и Скопје и Атина.


 


 

Читайте на сайте