World News in Macedonian

Ердоган разговарал со Путин за офанзивата во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал за турската офанзива во северозападниот дел на Сирија со рускиот претседател Владимир Путин. Претходно, како што јави турската новинска агенција Анадолу, Ердоган за ова прашање разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон. Агенцијата Ројтерс пак најави дека наскоро американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара со Ердоган за турската офанзива која почна пред неколку денови. Вашингтон побара од Анкара да покаже воздржаност откако турската војска ги нападна позициите на Курдите кои им се сојузници на САД во борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија. 

Читайте на сайте