World News in Macedonian

Прво рочиште за предметот на СЈО „ТНТ“

Првото рочиште за случајот на СЈО „ТНТ“ треба да се одржи денеска во Кривичниот суд, каде се појавија поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, кои се обвинети во случајот.


Во судот пристигна и бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цановски сопственик на комплексот „Космос“ на чие уривање се однесува предметот „ТНТ.“


Во предметот се обвинети уште четири лица, а со новиот годишен распоред предметот ќе го води судијата Огнен Ставрев. Апелациониот суд на 4 ноември минатата година одлучи дека прислушуваните разговори за уривањето на „Космос“ можат да се користат како докази во постапката. 


 

Читайте на сайте